141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

425

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 48, Куманово – 21, Дебар – 2, Штип – 15, Прилеп – 1, Струга – 1, Битола – 7, Кавадарци – 9, Гостивар – 4, Гевгелија – 1, Струмица – 4, Кочани – 4, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 4, Берово – 1, Виница – 7, Свети Николе – 3, Кичево – 5, Неготино – 1.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 37, Куманово – 27, Штип – 56, Прилеп – 3, Тетово – 5, Битола – 1, Кавадарци – 4, Гостивар – 14, Гевгелија – 5, Радовиш – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1, Свети Николе – 11, Кичево – 7, Ресен – 1.

Починати се двe лица – пациент од Скопје (88) во болнички услови и пациентка од Кичево (80) вонболнички.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.357, бројката на оздравени пациенти е 8.662, на починати е 532, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.163. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5.287, активни 1.067
• Куманово 1.214, активни 258
• Дебар 223, активни 124
• Штип 1.017, активни 301
• Прилеп 348, активни 33
• Тетово 1.103, активни 168
• Струга 494, активни 160
• Велес 238, активни 25
• Битола 178, активни 77
• Охрид 303, активни 76
• Кавадарци 143, активни 107
• Гостивар 610, активни 294
• Гевгелија 27, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)
• Струмица 47, активни 31
• Крива Паланка 28, активни 14
• Радовиш 36, активни 9
• Крушево 16, активни 3
• Кочани 124, активни 32
• Пробиштип 66, активни 20
• Демир Хисар 50, активни 31
• Македонски Брод 61, активни 47
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 11, активни 7
• Валандово 7, активен 1
• Виница 42, активни 38
• Делчево 6, активен 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 253, активни 78
• Кичево 225, активни 125
• Ресен 146, активни 10
• Неготино 33, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.848 теста се преку: ИЈЗ – 792, ЦЈЗ Скопје – 29, „Авицена“ – 168, „Биотек“ – 140, МАНУ – 131, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 260, „Систина“ со PCR-метода – 221, Судска медицина – 12, ЦЈЗ Битола – 70, Инфективна клиника – 9, ГАК – 16. Досега во земјата се направени вкупно 120.950 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 23, а во болницата во Штип – 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 133 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 150
• Аеродром – 132
• Бутел – 65
• Гази Баба – 120
• Центар – 90
• Карпош – 108
• Сарај – 39
• Кисела Вода – 89
• Ѓорче Петров – 76
• Студеничани – 33
• Шуто Оризари – 85
• Арачиново – 20
• Илинден – 20
• Петровец – 8
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 11
• Зелениково – 6
• Странец – 3
• Нераспределен – 3