166 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лицa

0
61

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-88, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 416 оздравени пациенти од: Скопје-175, Куманово-22, Дебар-7, Штип-12, Прилеп-15, Тетово-14, Струга-24, Велес-9, Битола-23, Охрид-26, Кавадарци-22, Гостивар-13, Гевгелија-4, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-2, Крушево -2, Кочани-6, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1 и Неготино-6.

Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (86 и 66), еден од Куманово (72), двајца од Штип (59 и 55), тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78), еден од Охрид (82) и еден пациент од Радовиш (65). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 37009, активни 10231
• Куманово 4838, активни 476
• Дебар 661, активни 116
• Штип 3350, активни 191
• Прилеп 4325, активни 413
• Тетово 4833, активни 705
• Струга 2080, активни 229
• Велес 2828, активни 394
• Битола 3096, активни 430
• Охрид 2527, активни 432
• Кавадарци 2226, активни 484
• Гостивар 3436, активни 451
• Гевгелија 1202, активни 231 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2360, активни 440
• Крива Паланка 651, активни 102
• Радовиш 633, активни 71
• Крушево 169, активни 29
• Кочани 1637, активни 179
• Пробиштип 459, активни 34
• Демир Хисар 239, активни 33
• Македонски Брод 223, активни 13
• Пехчево 159, активни 21
• Берово 531, активни 66
• Валандово 317, активни 41
• Виница 458, активни 59
• Делчево 677, активни 201(183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 195, активни 10
• Свети Николе 1047, активни 68
• Кичево 1599, активни 183
• Ресен 664, активни 122
• Неготино 1065, активни 249 (170 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1049 теста се преку: ИЈЗ-174, ЦЈЗ Скопје-53, Авицена-185, Биотек-125, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -162, лабораторија Лаор – 63, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -75, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 411.040 тестирања на Корона вирус.