17 годишник излетал од патот со автомобил

0
44

Ноќеска,  во 03:04 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, на влезот кај село Марена, патничко возило „Фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Кавадарци, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.