Барселона доби дозвола од Ла Лига: Новиот напаѓач пристигнува во среда за 30 милиони евра!

0
77

Кике Сетиен остана без двајца офанзивци откако Суарез и Дембеле се повредија на подолг период. Неколку имиња се поврзуваа со Барселона, а медиумите кој важи за близок до Барселона каталонскиот „Спорт“ објави утрово дека изборот паднал на Вилијан Жозе.

Вилијан Жозе пристигнува од Реал Сосиедад. Наводно трансферот ќе изнесува околу 30 милиони евра и тој ќе потпише договор со Барселона до летото 2023 година.

Се најавува дека трансферот ќе биде офизијализиран во среда кога Жозе ќе биде претставен како ново засилување на каталонскиот клуб. Ако тоа се случи тој би можел да дебитира веќе во сабота против Гетафе.