Нови докази на денешното продолжение на „Рекет“

0
98

Нови докази ќе бидат презентирани да денешното продолжение на случајот „Рекет“ во која главнообвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. На последното судење беа презентирани фактури според кои обвинетиот Јовановски и неговата мајка за три дена на шопинг во Милано потрошиле речиси 150 илјади евра. Беа покажани и смс-пораки што ги разменувал Боки 13 со пратеничка од СДСМ Фросина Ременски, со сведокот Орце Камчев…

Во судницата претходно беа прикажани и фотографии од предмети одземени од домот на Катица Јанева во Скопје и во Гевгелија, во нејзината канцеларија во СЈО, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард диска, десет УСБ-а, фактури и белешки. Биле одземени кожна гарнитура и дрвена маса од домот на Јанева во Скопје и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот во Тетово.

На претходното рочиште беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, што тој во својство на сведок ги има доставено во Обвинителството како доказен материјал. Станува збор за снимки на кои се прикажани Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски -Кичеец и Камчев, што беа објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, а потоа и во македонските медиуми, само што истиот настан беше прикажан од повеќе агли односно од други камери.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.