Ред сонце, ред дожд: Еве какво ќе биде времето цела недела

0
72
Foto

Во текот на следните денови, нашата територија ќе биде под влијание на потопла воздушна маса од југ. Сето ова ќе услови понатамошен пораст на температурите на воздухот, информира  Славчо Попоски.

Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност.

Од утре локално ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. Температурите на воздухот како што веќе кажавме ќе бидат во пораст, како минималните, така и максималните.

Па така максималните дневни температури на воздухот овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во најтоплите предели од државава, максимумот на температурите се очекува да се искачи до околу 17 степени.