Недостигаат 200 пожарникари, ама огласите се пред се за административци

0
86

Недостигаат пожарникари во Македонија. Имено, на 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат дури 536 пожарникари за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум. Ова го покажало истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Само четири од 30-те единици имаат повеќе пожарникари според законскиот минимум (и тоа само по еден или двајца), а шест единици имаат колку минимумот.

-Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на Скопје. Следуваат Тетово, каде што недостигаат 65 пожарникари, и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидените. Во Куманово недостигаат 49 пожарникари, во Битола има кусок од 32, а во соседен Прилеп од 26 пожарникари, стои во извештајот.

Кога ќе се вработат потребните пожарникари? Сега во предизборието има многу огласи за вработување, ама пред се за во администрацијата која и онака е пренатрупана – барем да беше ефикасна како што се пожарникарите иако се во недоволен број…

Инаку, како што е наведено во извештајот, противпожарните единици располагаат вкупно со 241 возило, каде што спаѓаат не само возилата за гаснење пожар и цистерните за вода туку и сите други возила на противпожарните екипи. Просечната старост на возилата е 28 години и 68 отсто од нив се од минатиот век.