Орбан: Европа не е во Брисел, Европа сме ние

0
101

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека Будимпешта научила дека не мора да и се допадне на „уморната бриселска елита“ истакнувајќи дека Унгарија е иднината на Европа.

– Во последните 10 години научивме дека Европа не е во Брисел, рече Орбан во годишното обраќање до нацијата.

Орбан изрази задоволство затоа што Унгарија нашла „заедничка основа“ со соседните земји, Хрватска, Словачка, Словенија и Србија и е во позиција со нив да ја прошири соработката и да создава сојузи.

Тој оцени дека последната декада се најуспешните 10 години во последните 100 години од историјата на Унгарија, но додаде и дека државата била загрозена со климатски промени, континуиран пад на бројот на населението и заканите за европската економија.

Во годишното обраќање до нацијата, Орбан ги повтори критиките кон оние што ги смета за противници, вклучувајќи го и раководството на Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос.