Во Бугарија се појавил птичји грип: Сите 5.830 патки на фармата ќе бидат усмртени

0
79

Бугарската Агенција за безбедност на храната соопшти денеска дека во јужна Бугарија, во градот Раковски, во областа Пловдив се појавил вирусот птичји грип H5N8, пренесува „Бгнес“.

Сите 5.830 патки на фармата ќе бидат усмртени, информирала Агенцијата и додала дека тоа е прв случај на овој вирус во Бугарија во последните 10 години.

Околу фармата е поставено заштитно подрачје од три километри, а во него е забрането движење на домашните, дивите и други птици, како и продажба на јајца и живина