Чулев: Спасовски направи кривично дело, поништи 124 решенија за кои Владата не расправала

0
102

Обвинение против премиерот Оливер Спасовски заради кривично дело фалсификување службена исправа и злоупотреба на службената положба и овластување упати денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. На прес-конференцијата што ја одржа пред Јавното обвинителство Чулев рече дека Спасовски стои зад поништување на 124 решенија за распоредување во МВР што тој ги донел, а за кои воопшто не се расрпавало на саботната седница, ниту дека постои одлука за тоа.

-На владината седница, со нозинство гласови, се усвои предлогот да се поништат пет решенија за распоредување на вработените. Но, покрај овие пет решенија во „Службен весник“ Бр.41 од 15.2.2020 година се најдоа и дополнителни 124 решенија за распоредување и една наредба за извршување работа и работни задачи. Овие решенија воопшто не биле предмет на разгледување на членовите на Владата ниту, пак, е донесена одлука за нивно поништување, потенцира Чулев.

Министерот го повика Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да преземе дејства за да обезбеди докази, за да не се случи нивно уништување или прикривање. Вработените во Владата ги повика да се воздржат од дополнителни дејствија со кои ќе се обидат да ги уништат или менуваат доказите.

Инаку, во соопштението од последната владина седница беше наведено само дека се поништени пет решенија за распоредувања на работно место во МВР. При тоа, не беа наведени причините поради кои се поништени решенијата.