Грипот се размавна, треба да се запира со нови мерки, советите не се доволни

0
103

Ширењето на грипот како да добива сериозни размери во земјава. Веќе е забележан втор смртен случај како последица од компликациите од грипот, а бројот на заболените веќе ги надмина 10.700 случаи. Со исклучок на Демир Хисар, во сите други наши градови има повеќе заболени – најмногу во Скопје, околу две илјади… Колку е зголемено ширењето покажува и фактот што некои училишта почнале да ги скратуваат часовите заради отсуствата на учениците и за да се намали ширењето.

Очигледно, нешто мора да се преземе. Вообичаените совети кои ги даваат лекарите преку медиумите за проветрување на просториите, за кивање во марамче, за често миење раце не се доволни за да се намали ширењето.

Потребни се и другите мерки и за нив на утрешната седница Комисијата за заразни болести треба најсериозно да расправа. Мерки кои би помогнале – од прогласување на епиденија во некои општини па до стимулирање на вакцинирањето – има повеќе. Ова е период во кој ширењето на грипот ќе го достигнува најголемите граници и заради што мора да се одговори што поподготвено за да се намалат последиците.