Хакери демнат преку телефони, не одговарајте на меѓународни неидентификувани повици

0
117

Граѓаните да не одговараат на телефонските повици кои им доаѓаат од странски броеви со најчест префиск +881, е предупредување кое денеска го дадоа Агенција за електронски комуникации како и најголемите мобилни оператори. До предупредувањето дојде откако од утринските часови на телефоните на илјадници македонски граѓани стасаа вакви повици од броеви кои, според префиксите, не се лоцирани во ниту една земја. но имало и такви кои потекнувале од Естонија, Литванија, Нигерија… .

Од Агенција за електронски комуникации денеска за МИА изјавија дека ќе се блокираат повиците од странски неидентификувани броеви.

-Граѓаните да не одговараат на вакви повици. Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави директорот на Агенцијата Сашо Димитријовски.

Димитријоски рече дека вакви злоупотреби и јавувања имало и минатата година. Од мобилниот оператор Македонски Телеков претпладне изјавија дека најверојатно станува збор за хакерски напад. Според сознанијата, најверојатно станува збор за измама чија цел е сопствениците на телефоните во нашата земја да одговорат на повикот по што целта на јавувачите е тие што повеќе да останат вклучени на врската. Колку повеќе врската ќе биде отворена толку поскапа сметка ќе плати сопственикот, а поголема ќе биде и заработката на јавувачот.