Искасана жена од кучиња скитници во Железара, и ја шиеле раната

0
64
Foto

Со тешки повреди се здобила 49-годишната скопјанка кога синоќа околу 18 часот била нападната од повеќе кучиња-скитници во скопската населба Железара. Заради големите рани и крварење таа морала да биде префрлена во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за да и се укаже лекарска помош.

Во информацијата која ја објави телевизијата „Сител“ се наведува дека лекарите од Клиниката за инфективни болести и ја сошиле раната и поставиле дрен за да се спречи инфекцијата, а пациентката примила и потребна вакцинална терапија.

Нападот на кучињата се случил кај трите кули во населбата додека скопјанката одела да пазари од маалската продавница. Жителите на населбата изјавуваат дека истото куче и претходно напаѓало жители на населбата. Случајот и овој пат е пријавен кај надлежните служби.

Инаку, баш синоќа во Град Скопје се дискутираше околу програмата на ЈП „Лајка“. Кога тоа ќе почне да работи, не е познато.