Полицијата во широка акција открила голема количина на дрога во Крушопек

0
177

Полицијата доцна попладнево почнала акција за откривање на дрога во селото Крушопек – општина Сарај. Според добиените информации кои протекоа во јавноста полициските инспектори откриле голема количина (неофицијално – над еден килограм) на наркотични средства, пред се кокаин.

Засега нема официјални детали од МВР за настанот. Aкцијата преку Фејсбук лично ја потврди министерот Наќе Чулев:

– Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности. По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата, напишал тој на социјалната мрежа.

Министерот најави дека повеќе информации за јавноста ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Инаку, како што се дознава, полициската акција била од меѓународен карактер и во истрагата биле вклучени и полицајци од Италија.