Поради опасноста од коронавирусот Монголија ги затвори училиштата

0
69

Монголија до 30 март ги затвори сите свои училишта со цел да го спречи ширењето на коронавирусот во земјата, соопшти денеска владата, јавија британските медиуми.

Вирусот, што е сличен на грипот, кај нивниот јужен сосед – Кина, веќе ја предизвика смртта на повеќе од 2.000 лица, додаваат британските меидуми.

Иако во Монголија засега нема пријавено ниту еден случај на коронавирус, земјата ја затвори границата и одбива влез на секој што патува од Кина. Во земјата сè уште има 336 Кинези кои сакаат да се вратат дома, наведоа вчера монголиските власти.

Поради појавата на епидемијата во соседството, која не го намалува темпото, образовните институти во Монголија, од градинките до универзитетите, ќе останат затворени до крајот на следниот месец, соопшти владата, додаваат британските медиуми.