Сити: Казната на УЕФА има политичка позадина

0
97

Англискиот шампион Манчестер Сити доби суспензија за настап во следните две години во Лигата на шампионите поради кршење на финансискиот фер-плеј. Извршниот директор на клубот, Феран Соријано, вели дека клубот го нема прекршено финансискиот фер-плеј и дека одлуката на УЕФА е срамна.

„Најважната работа која морам денеска да ја соопштам е таа декa наводите се лага, голема лага. Фановите треба да бидат сигурни во две работи. Првата е дека одлуката е срамна, а втората е дека ќе дадеме се од себе за тоа да го докажеме. Знаеме дека фановите се на наша страна. Нашите фанови беа со нас во многу предизвици изминатите десет години. Ова е еден нов предизвик кој ќе го пребродиме. Од искуство велиме дека пресудата нема никаква врска со правда, туку е чисто политичка. Менаџерот и фудбалерите мора да бидат сконцетрирани само на играта. Треба да ја одработиме сезоната со стил и да покажеме дека сме еден од најдобрите клубови во Европа“, изјави Соријано. 

Манчестер Сити ќе ја загуби титулата во домашниот шампионат од Ливерпул, но избраниците на Пеп Гвардиола се во игра за преостанатите три трофеи во сезоната. Во осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се сретнат со Реал Мадрид, во Карабао купот во финалето играат против Астон Вила, додека во ФА купот ги очекува меч со Шефилд Венсдеј.