Ужасна снимка од убиство среде бел ден: Бездомничка му побара пари, ладнокрвно ја уби

0
60

Бездомничката Зилда Енрике дос Сантос Леандро (31) од Рио де Женеиро брутално е убиена неколку секунди откако на улица запрела маж и од него побарала пари за да купи леб.

Убиството се случило среде бел ден и е забележано од надзорните камери.

Како што се гледа, Зилда одела среде улица во обид да го привлече вниманието на Адебал Рамос де Кастро. Тој прво ја игнорирал, а кога му се приближила девојката, тој извлекол пиштол и ладнокрвно ја застрелал.

Убиецот побегнал, а Зилда е однесена во болница каде е прогласена за мртва.

Кастро подоцна е уапсен и се наоѓа во притвор.

Неговиот адвокат рекол дека неговиот клиент мислел дека девојката сака да го ограби.

Убиството се случило само неколку часа пред уште еден напад на бездомници. Четири лица настрадаа во Сао Паоло откако испиле „сомнителна течност“.

Полицијата го истражува тој случај како масовно труење.