Реал го смени планот: Не го продолжува договорот на Рамос

0
89

Реал Мадрид, како што пренесуваат шпанските медиуми, нема намера да го продолжи договорот со капитенот Серхио Рамос кој му истекува во 2021 година.

Иако претходно се нагласуваше дека е договорено продолжување на соработката за уште две години, до 2023 година, сега е појавен проблем во разговорите меѓу двете страни.

Рамос ќе има 35 години во моментот кога му завршува актуелниот договор, па раководството на Реал Мадрид не сака да ги прекрши принципите во работењето на клубот. Рамос инсистира на договор до 2023 година, а „кралевите“ на фудбалерите постари од 32 години им нуди само едногодишна можност за продолжување на договорите.

Проблем, исто така, претставува и финансискиот фер-плеј затоа што Реал Мадрид тешко ќе издвои околу 14 милиони евра по сезона за некој кој има 35 години.