Спасовски без конкретен одговор – зошто пасошите не се набавени пред 3 јануари

0
75
Foto

Во моментот не знам кога е направена последната нарачка на пасошите, но за тоа во МВР има документи. Не е благодарно јас да одговарам на прашањата за обрасците за пасошите. Ако бев министер ќе одговорев, има министер да одговори зошто не е направена нарачката во МВР, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Tој објасни дека има механизми и начини да се утврди кој има, ако има одговорност за тоа каде затаиле јавните набавки во МВР заради што сега има криза околу издавањето на нови пасоши. Инаку, Спасовски беше министер до 3 јануари оваа година.

– Сум имал и јас такви ситуации неколку пати во целиот тој период, но немаше проблем во јавноста во делот на пасошите или во делот на издавање на други лични документи. Нарачките на обрасци за патни исправи се прават секоја година врз основа на постојана анализа за фреквенцијата односно за нивното побарување и потрошеноста. Слободно нека ги проверат сите аспекти. Јас сум тука не бегам од одговорност ако е моја, потенцира премиерот и поранешен министер за внатрешни работи Спасовски.

Премиерот тврди дека Владата само пред една недела добила информација дека има проблем со издавање на пасошите. 

–Мислам дека подоброто менаџирање, начинот на функционирање внатре во институцијата, повеќе бавење со суштински работи отколку со неважни прашања, немаше да доведе до една ваква криза. Ако Чулев има решение, нека го соопшти. Јас да бев на тоа место, ќе ви одговорев, но сега има друг министер кој треба да ви одговори, изјави премиерот.

Што се однесува до најавената кривична пријава за него, Спасовски нагласи дека има истражни органи и слободно нека ги проверат сите аспекти, а тој не бега од одговорност.