Вардар може да здивне: ЕХФ нема дополнително да го казни Калараш!

0
110

Ракометарот на европскиот првак Вардар, Глеб Калараш ќе може да настапи на мечот против Порто во следното коло во Лигата на шампиони, иако на последниот меч против Мотор Запорожје заработи црвен картон.

ЕХФ решаваше за тоа дали ќе го казни Калараш и одлучи дека нема потреба од дополнителна казна за рускиот ракометар.

Вардар следниот меч во елитното натпреварување го игра кај Порто на гости и тоа на 22 февруари, кој му е директен противник за пласманот во групата Б.