Мицкоски: Заев и Јанева другарувале во минатото и нивните потези се резултат на тоа другарство

0
78

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како ќе заврши случајот „Рекет“ не зависи од политичарите, туку од судството и обвинителите.

Забележува дека никој во државата не се одважил да го повика доскорешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, да даде исказ што се случувало.

-На целата јавност и е јасно дека Зоран Заев и Катица Јанева другарувале во минатото и оти нивните потези се резултат на тоа другарство. Зошто тоа другарство и на кој начин престанало претпоставувам дека е една од причините е и случајот „Рекет“. Од друга стара, Заев другарувал и со сопственикот на медиумот, односно бил толку непосреден со него што дури го советувал и прашувал од каде му средства да го финансира медиумот. Бил свесен за активностите на Меѓународниот сојуз којшто работел со локални бизнисмени во државата, а не гледам дека Заев е повикан во случајот Рекет 2 да сведочи за тој Меѓународен сојуз за да на крај и самиот признае дека ја помагале телевизијата на начин на којшто ја помалаге во тие месеци. Никој во државата не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало, рече Мицкоски во коментар на последната разврска на судскиот процес за „Рекет“.

Како што дополни, јасно се гледа контурата на главата на октоподот за што тој нема дилема кој. Видовме, рече Мицкоски, дека дури и оние лица кои располагале со ПИ мерките кога виделе каде се упатува Јанева престанале да снимаат.

-Видовме оние кои го снимале веќе осудениот Зоран Милевски кога оди на средба кога виделе со кого ќе се сретне престанале да снимаат. Така што, очигледно ова е семејна професија, како понатаму ќе заврши овој случај не е до нас политичарите, туку до судството и обвинителсвото. Ако заврши како што треба јасно се знае каков треба да биде епилогот, а ако не нема да бидеме на 106.место на листата на Транспаренси интернешнл , туку на 160, рече Мицкоски.