Грешка во преводот на албански на билетот на ЈСП за едно возење – се консултирале со вработени кои не се ниту преведувачи, ниту лектори

0
102
Фото

Не консултирајќи се со експерти при превод на текстови, грешките што ги прават институциите се трагични но и комични. Еден од последните примери е мешањето на зборот „се чува“ и „се избричи“ во текст преку кој ЈСП ги известува граѓаните за билетите за едно патување. 

Како што пишува „Алсат“, во преводот на албански, зборот „се чува“ е помешан со зборот „се избричи“, па упатството на ЈСП добива апсурдно значење. Истото гласи: „Билетот е за едно патување. Билетот мора да биде валиден и да се избричи до крајот на возењето. Билетот што не е валиден се смета за неважечки. При контрола, билетот за верификација се дава на овластеното лице. Возењето со неважечки билет е казниво. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.skopska.mk”.

Од ЈСП, меѓутоа, признаваат дека не ја консултирале Агенцијата, туку помош за преводот побарале од тројца вработени во претпријатието, кои не се ниту преведувачи, ниту лектори, а го одобриле текстот.