Прво гласно критикуваа за „режим“ кога ги апсеа оти шараа, а сега тие апсат

0
146

Од полицијата бевме третирани како терористи, вознемирувани и заплашувани, објаснуваат активистите од „Fridays for Future“ откако вчера беа држени од полициски службеници заради герила акцијата, односно пораките кои се обидоа преку боја да му ги остават на министерството за животна средина. Причина: загадениот воздух и непреземањето на мерки од страна на надлежните.

-При реализирање на нашата протестна акција, обезбедувањето на Министерството за животна средина донесе арбитрарна одлука да нѐ задржи и да повика полиција, создавајќи непотребна тензија околу обичен креативен перформанс. Нашата акција имаше цел да ја крене свеста за загадувањето и климатските промени не само кај јавноста туку и внатре во институцијата за животна средина. Наместо тоа се соочивме со нечовечки пристап кој само ја потврдува вистинитоста на пораката што сакавме да ја пренесеме. Поради една безопасна герила акција која укажуваше на индолентноста на властите околу проблемот со животната средина, нашите активисти беа предмет на вознемирување, заплашување и испрашување како да извршиле терористички, а не симболичен акт во интерес на општото добро, објаснуваат активистите.

Тие испишуваа со црвени отпечатоци врз вратите на институцијата ова е „Крвта на вашите деца“.Реагираше и Хелсиншкиот комитет за човекови права најавија дека ќе поднесат претставка до Секторот за внатрешна контрола во МВР поради односот на полицијата кон активистите.

– Откако активистите ставија отпечатоци од раце со црвена боја на прозорците на министерството, тие беа однесени во објектот од страна на обезбедувањето, а подоцна се придружија и полицајци кои дрско се однесуваа кон присутните демонстранти, коментираат од Комитетот.

Дополнително, сметаат дека е недозволливо, малолетно лице кое било меѓу активистите повеќе од еден час без присуство на адвокат и социјален работник да биде држено во полиција. Според нив, лшување на дете од слобода се применува само како последно средство во постапката и само под услови и во траење определени со Законот за правда на децата.

После оваа зачудувачка ситуација, логично се наметнува заклучокот дека кога власта беше во опозиција, предводејќи ја т.н. „шарена револуција“, гласно критикуваа за „режим“ кога ги апсеа оти шараа. Сега тие го прават истото.