Уште едно момче прободено со нож во Скопје

0
134

Шеснаесетогодишно момче било прободено со нож во инцидент кој вчера се случил во близина на угостителски објект на улица ‘’2” во село Сарај. Повреденото момче веднаш било префрлено во Градската болница ‘’8 септември’’ за да му се укаже лекарска помош.

Според информациите од полицијата, малолетникот бил физички нападнат од три непознати лица, при што едно од лицата со остар предмет му нанело убодна рана.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и презема мерки за расчистување на случајот.

Инцидентите во кои со нож се повредени малолетни лица последниве недели зачестија во Скопје. На почетокот на месецов две момчиња биле повредени во тепачката која се случила пред средното училиште „Марија Кири Склодовска“ на булеварот „Трета македонска бригада“ меѓу две поголеми групи момчиња. Седумнаесетгодишнот У.Д. се здобил со убодна рана и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот килиники „Мајка Тереза” – Скопје.

На 10-ти овој месец осуманесетгодишно момче беше прободено со нож во инцидент кој се случи во градскиот автобус број 56 на линија кон село Бојане. Повреденото момче веднаш беш префрлено во Градската болница „8 септември“ за да му се укаже лекарска помош.

Ќе преземат ли конечно надлежните фактори сериозни мерки за ваквите случаи останува да видиме.