Хари и Меган се жалат од Кралицата и целото кралско семејство

0
158
Фото

Кралицата Елизабета и кралското семејство ги третираат Хари и Меган поинаку од другите членови на кралството, напишале двајцата во специјалното соопштение на нивната страница, пишува Дејли Меил.

Според извори во палатата, парот се повикува на принцезата Беатрис и принцезата Јуџин.

Во својата порака, Меган и Хари напишаа „Иако не е преседан за други членови на кралското семејство да бараат полно работно време надвор од кралската институција, наметнати се пробен период и голем број ограничувања за војводата и војвотката од Сасекс“.

По нивното одделување од кралското семејство, парот беше лишен од привилегии и можност да имаат репрезентативни должности во име на кралицата.

Принцезата Беатрис и Јуџин, ќерки на вториот син на кралицата, принцот Ендру и неговата сопруга Сара Фергусон, не се сметаат за високи членови на кралската династија и затоа не се целосно вклучени во кралските должности. Напротив, двете принцези, кои се деветта и десета по ред за тронот, работат со полно работно време.

Принцезата Беатрис работи за приватни компании како деловен консултант. Принцезата Јуџин исто така работи како директор на Швајцарската галерија за современа уметност Хаусер и Вирт.

Во моментов, сестрите ретко одат на кралски настани, но еднаш годишно се гости на забавата што ја организира кралицата.

Во изјавата на Меган и Хари се вели и дека принцот остана шести по ред за престолот, дека ќе ја задржи својата воена титула и дека тие сè уште имаат право на лична безбедност.

Според неофицијалните сметки, сумата што се очекува да се подели подеднакво помеѓу Велика Британија и Канада за заштита на младото семејство е помеѓу 3 и 6 милиони фунти.

Според бројни експерти и толкувачи на настапите на кралството, ова е уште една ПР акција на Меган и Хари.