Нов силен земјотрес ја погоди територијата на границата меѓу Турција и Иран

0
35

Нов земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтерова скала денеска ја погоди територијата на границата меѓу Турција и Иран.

Засега не се соопштуваат повеќе детали. Претходно, рано утрово земјотрес со интензитет од 5,7 степени го погоди северозападниот дел на Иран, во близина на границата со Турција. Во потресот загинаа девет лица, а над 100 се повредени.

Епицентарот на првиот земјотрес се наоѓал на 101 километар источно од градот Ван, во Турција, и 32 километра северозападно од иранскиот град Салмас, на длабочина од пет километри под површина на земјата.