Почина Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески

0
142

Пејачот Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески, почина утрово на 82 години во Белград.

Желчески беше роден во Прилеп 1938 година. Кариерата ја почнал како солист во Радио Скопје. Во 1959 година се запознал со пејачката Кевсер Селимова, со која по две години почнал да пее во дует. Заради неа и се преселил во Белград. По неколкугодишна врска се венчале и ја добиле ќерката Ана.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Брала мома капини“ и други. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржаа концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележаа јубилејот – пет децении творештво.