Двајца турски војници загинале во Либија

0
108

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердогано бјави дека двајца турски војници загинале во Либија, но не сподели детали за локацијата или датумот на нивната смрт, пренесува „Спутник“.

„Имаме двајца маченици таму во Либија“, кратко изјави тој.

Веста доаѓа само два дена по извештаите дека 16 турски војници биле убиени во судирите во Триполи. Ердоган потврди дека неколку војници загинале, тврдејќи дека има големи загуби и меѓу редовите на либиската национална армија(ЛНА), но не го посочи точниот број.

Анкара претходно ги распореди своите сили во Либија за да ја поддржи Владата на национален договор (ГНА) против ЛНА предводена од маршалот Калифа Хафтар во граѓанската војна меѓу двете страни.

Либија е зафатена од граѓанска војна од атентатот врз либискиот лидер Моамер Гадафи во 2011 година. Во моментот, земјата ја контролираат две главни фракции – ГНА, признаена од ОН, со седиште во Триполи и парламентот во Тобрук, штитен од страна на ЛНА.

Двете страни се впуштија во голем судир минатиот април, а Хафтар најави одлучувачка битка за Триполи подоцна во декември, повикувајќи на мобилизација против странска интервенција.