Зидан: Нема подобар тренер од Гвардиола

0
102

Реал Мадрид и Манчестер сити утре на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одиграат првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Дуелот на второ пласираните екипи во своите национални првенства ќе биде привлечен и поради тренерската пресметка на Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола.

Зидан е единствениот тренер што освоил три титули во низа (2016-2018), откако Лигата на шампионите се игра во овој формат. Гвардиола од друга страна има трофеј во ЛШ само со Барселона, со Баерн три пати стигнувал до полу-финалето, а со Сити крајниот домет му е четврт-финалето.

И покрај ваквата статистига Зидан смета дека неговиот колега од Сити е најдобриот тренер во светот.

„Да, Пеп како врвен тренер се докажал во Барсам Баерн и Сити. Постојат неколку тренери од светска класа, но јас мислам дека тој е најдобриот меѓу нив.Сепак ова нема да биде дуел помеѓу Зидан и Гвардиола, туку помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити.. На крајот навивачите ги интересира она што се случува на теренот, а таму се наоѓаат играчите, а не тренерите“, рекол Зидан.

Натпреварот Реал-Манчестер сити се игра во среда со почеток во 21 часот.