И премиерот Спасовски се заинтересира дали ќе гледа само МТВ1 и МТВ2 на телевизија

0
103

Ќе гледаме ли на телевизија само МТВ1, МТВ2 и Собраниски канал? Ова прашање се врти меѓу скопјани по вчерашната најава за прекин на реемитувањето на речиси сите домашни и странски телевизиски канали од страна на Здружението на информатичко-комуникациски технологии, каде што се обединети сите оператори.

Денеска заинтересиран за ова прашање е и техничкиот премиер Оливер Спасовски. Тој ги повикал на итна средба директорите на четирите најголеми кабелски и сателитски оператори во Македонија. Средбата се очекува да биде попладне, а ќе се барало решение по недореченостите од набрзинка донесените законски измени.

Инаку, вчера операторите соопштија дека им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

-Ваквата обврска дефинирана со Законот е спротивна на ЕУ-Директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава. Истовремено, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите. Здружението на информатичко-комуникациски технологии поднесе барање до Уставниот суд за донесување на времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност, стои во соопштението на Здружението.