ЛЕ: Рома, Леверкузен, Вулфс и Волфсбург сигурно во осминафинале

0
140

Фаворитите Рома, Баер Леверкузен, Вулверхемптон и Волфсбург се пласираа во осминафиналето на Лига Европа по вторите мечеви.

Рома отпатува во Белгија со минимална 1:0 победа над Гент, предност која бргу беше избришана, кога во 25. минута Џонатан Дејвид ги донесе домашните до предност. Но, реакцијата на „волчицата“ беше експресна – Јустин Клајверт само пет минути подоцна израмни на 1:1, што значеше дека Гент треба да даде два гола за да го елиминира италијанскиот клуб.

Баер Леверкузен триумфираше со 3:1 на гостувањето кај Порто, што заедно со 2:1 победата на домашен терен значеше сигурно поминување, а без мака во осминафиналето се пласираа и Вулверхемптон, откако по домашната 4:0 победа над Еспањол си дозволи 3:2 пораз на гостувањето во Шпанија.

Во Истанбул пак, Башакшехир успеа со гол во 90-тата минута да стигне до 3:1 победа со Спортинг Лисабон, за да ја елиминира предноста на португалскиот тим и во моментов се играат продолженија.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Башакшехир – Спортинг Лисабон 3:1, прв меч 1:3, вкупно 4:4, се играат продолженија

Базел – АПОЕЛ 1:0, прв меч 3:0, вкупно 4:0

Еспањол – Вулверхемптон 3:2, прв меч 0:4, вкупно 3:6

Гент – Рома 1:1, прв меч 0:1, вкупно 1:2

ЛАСК Линц – АЗ Алкмар 2:0, прв меч 1:1, вкупно 3:1

Малме – Волфсбург 0:3, прв меч 1:2, вкупно 1:5

Порто – Баер Леверкузен 1:3, прв меч 1:2, вкупно 1:5

ГЕНТ – РОМА

ЕСПАЊОЛ – ВУЛВЕРХЕМПТОН

БАЗЕЛ – АПОЛЕ