Македонија не е носител во баражот за СП, не очекува тежок противник

0
168

Македонија не се најде меѓу десетте носители за баражот за пласман на Светското првенство во 2021 година, што значи дека не очекува тежок противник во борба за продолжување на континуитетот на големите натпреварувања.

Шпанија, Хрватска и Норвешка веќе се пласираа со пласманот на Европското првенство, додека другите репрезентации ќе бркаат пласман преку баражот на почетокот на јуни. Можни противници на Македонија се Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

Ждрепката за баражите ќе се оддржи во Виена на 9 март.

НОСИТЕЛИ: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција

НЕ-НОСИТЕЛИ: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија и победниците на дуелите Турција-Русија, Романија-БиХ, Полска-Литванија и Израел-Летонија.