Потврдени два нови случаи на коронавирус во Грција

0
101

Во едниот од случаите се работи за роднина на 38-годишната жена од Солун, која во текот на вчерашниот ден беше првиот потврден случај во Грција. Таа допатувала од Милано во северна Италија, епицентарот на појавата на коронавирус во Европа.

Третиот пријавен случај е во Атина и станува збор за жена која исто така допатувала од северна Италија.

Со одлука на надлежните, се откажува традиционалниот карневал во крајбрежниот град Патра што беше закажан за 1 март.