Ветерот бутна дел од фасадата на МЕПСО

0
114

Ветрот синоќа откорна дел од фасадата на МЕПСО.

На социјалните мрежи утрово градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, сподели фотографии со коментар дека проектот „Скопје 2014“ е небезбеден за животот на граѓаните.

„Освен што е криминален, кичерски, болноумен и слично, проектот ‘Скопје 2014’ е и небезбеден за животите на луѓето.Зградата на АД МЕПСО“, напиша Шилегов.

Коментар и фотографии на „Фејсбук“ утрово сподели и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

„Што да се прави со Скопје 2014 година?!?! Сам се руши…..АД  МЕПСО. Среќа нема повредени“, пишува Богдановиќ.

Новата фасада на МЕПСО чинеше 11 милиони евра