РФМ во 2024 ќе организира Светско првенство за младинки

0
93

Македонија ја доби организацијата на женското младинско Светско првенство (до 20 години) во 2024 година. Апликацијата на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) била одобрена во петокот на состанокот на Извршниот комитет на Светската ракометна федерација (ИХФ) што се одржа во Каиро, Египет.

РФМ информира дека Светското првенство за младинки во 2024 ќе се одржува во три градови, односно во Скопје, Охрид и Струмица. Учество на првенството ќе земат 32 земји.

Ова ќе биде шестти пат нашата земја да биде организатор на светски мундијалски собир во млади категории (машка и женска конкуренција).

Во изминатите години, РФМ беше организатор на Светски првенства во млади категории во 2019, 2014, 2008, 2007 и 2003 година.