Севилја оди на Рома, Интер против Хетафе

0
120

Попладнево во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени осмина-финалните двојки во Лига Европа.

Најголемо внимание во оваа фаза ќе привлечат натпреварите помеѓу петкратниот шампион во ова натпреварување Севилја и италијанскиот претставник Рома.

Ждрепката за ова фаза нуди уште една италијанско-шпанска пресметка.

Еден од фаворитите за трофејот, Интер, доби тежок противник во името на Хетафе. Шпанците во претходната рунда го елиминираа Ајакс.

Олимпијакос кој направи сензација со елиминацијата на Арсенал и во осмина-финалето доби противник од Премиер лигата. Грчкиот тим ќе игра против Вурвелхемптон.

Осмина-финални двојки:

Првите натпревари на програмата се на 12 март, а реваншите една недела подоцна. Финалето во Лига Европа во сезоната 2019/2020 ќе се одигра на 27 мај, на стадионот „Енерга“ во Гдањск.