Филипче потврди: Нема нови заразени од коронавирус во земјава

0
190

Министерот за здравство, Венко Филипче, потврди дека нема нови случаи на заразени со коронавирус во земјава. Во изјава за медиумите, Филипче рече дека тестовите на возачот на комбето со кој од Италија до Македонија патуваше заразената жена, како и виничанецот што побегна од штипската болница – се негативни.