Ѓоковиќ стигна до петтата титула на турнирот во Дубаи

0
92

Првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ предмалку стигна до нова, петта титула на АТП турнирот во Дубаи. Тој во финалниот меч со 2-0 (6-3 и 6-4) славеше против Стефанос Циципас.

Ѓоковиќ ја продолжи победничката низа во сингл, во 2020 година. Славеше победа во 18-тиот настап во низа, а згора на тоа српскиот тениски ас во Дубаи стигна до својот петти трофеј на познат терен, откако турнирот го освојуваше во 2009. 2010. 2011. и 2013. година.

Денешниов беше петти меѓусебен дуел меѓу српскиот и грчкиот тенисер. Сега водството е на страна на Ѓоковиќ, 3-2.
Новак триумфираше против Циципас во финалето на Мастерсот во Мадрид и во четвртфиналето на Мастерсот во Париз.

Гркот славеше против моментно првиот светски рекет во 2018 година на Мастерсот во Торонто и лани на Мастерсот во Шангај.