Коронавирус го одложи дербито во Италија и уште четири меча од Серија А

0
117

Првичните најави беа дека ширењето на коронавирусот во Италија нема да доведе до поместување на натпреварите од 25. коло на Серија А, туку дека натпреварите ќе се играат без присуство на публика.

Сепак, утринава италијанскиот Фудбалски сојуз донесе одлуки за одложување на неколку средби.

Коноравирусот е најраширен на северот од Италија, па затоа одложени се пет натпревари. Истите, според информацијата, ќе се одиграат на 13 мај.

Меѓу петте одложени натпревари е и утрешното големо „Дерби д`Италија“ меѓу Јувентус и Интер.

Покрај мечот кој требаше да се игра во Торино, се одложуваат и натпреварите Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ и Сасуоло – Бреша.

Поместен е и терминот за финалето на Копа Италија. Првичниот датум, 13 мај се поместува за 7 дена, па борбата за титулата во Купот ќе се игра за 20 мај во Рим, на стадионот „Олимпико“.