Денеска е Прочка: Прости ми – простено ти е и од мене и од Бога!

0
358

Денеска е Прочка или Велики поклади. На овој традиционален православен празник, како што велат преданијата, се проштеваат дури и небото и земјата, па затоа тоа треба да го сторат и луѓето меѓу себе.

Датумот на овој празник е променлив во зависност од датумот кога е Велигден и секогаш е седум недели пред најголемиот христијански празник. Со Прочка се поврзани и многу пагански обичаи кои го збогатуваат празнувањето, но пред се граѓаните се фокусирани на проштевањето кога луѓето меѓу себе си бараат прошка. Сето тоа треба да го следи примерот на самиот Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање.

Прочка вообичаено бара помладиот од постариот со „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Овој празник е вовед во најдолгиот, велигденскиот пост.

Инаку, на овој празник, особено порано, го карактеризирало и преоблекувањето или маскирањето. При преоблекувањето, најмногу се користеле народните носии. Во Скопје се преоблекувале и мажите и жените и децата. Понекогаш се комбинирале повеќе видови носии.