Битолчанец копал во дворот и пронашол граната од Првата светска војна

0
104

Вчера, во полицијата во Битола, С. П. пријавил дека при копање во дворот од куќата на улицата Илинденска во Битола пронашол стара неексплодирана граната.

Полициски службеници извршиле увид на местото, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за рачна граната од Првата светска војна, јави МВР.

Гранатата била безбедно подигната од местото.