Четворица скопјани настрадаа од кучиња скитници за три дена, двајца на иста улица во Ѓорче Петров

0
145

Четворица скопјани настрадале од кучиња-скитници за само 3 дена. Во саботата во 17,00 часот во полициската станица Ѓорче Петров, Н.П.(41) од Скопје пријавил дека на ул.“Лука Геров“ додека возел велосипед бил нападнат и каснат од куче скитник и тоа на двете нозе.

Останатите три инциденти се случиле во петокот. Имено во 18:00 часот во полициската станица Кисела Вода Б.П.(56) од Скопје пријавил дека на бул.“Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. Десеттина минути подоцна, во станицата повторно во Ѓорче Петров, скопјанката М.К.(31) пријавила дека, повторно на ул.“Лука Геров“ нејзиниот 14 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. Неколку часа претходно истиот ден, во истата населба 54-годишната В.В. пријавила дека куче ја нападнало и каснало во делот на левата потколеница.

Новиот стационар „Лајка“ уште се чека да заживее, но прашање е колку тоа место ќе има капацитет да се справи со сите кучиња скитници, ако се знае дека истите се намножија особено многу во овој вакум простор откако го нема „Вардариште“, а се чека „Лајка“. Друга тема пак на дискусија е фактот што активистите за правата на овие животни се кренаа жестоко против градоначалникот Петре Шилегов, откако тој ја објави програмата дека болните кучиња скитници за кои ќе нема лек – ќе се еутаназираат.