Премиер лигата сака промени на ВАР за фановите подобро да ги разбираат одлуките

0
74

Првата сезона во која се користи ВАР системот во Премиер лигата не може да се опише како голем успех, откако многу фанови, фудбалери и тренери реагираа на конфузијата околу дел од одлуките и начинот на кој се стигнува до нив. Токму затоа ПЛ планира мали промени за следната година.

Според „Скај спортс“, првите луѓе на лигата сакаат да дозволат аудио-конверзацијата меѓу судиите на теренот и ВАР-собата да бидат достапни на стадионот, слично како што се работи во англиската рагби јунион лига.

Ова ќе значи дека гледачите, тие на стадионот и тие пред ТВ-екраните, ќе можат да ја слушнат размената на мислења и подобро да ги разбираат одлуките кои се носат. Една од најголемите фрустрации доаѓа токму од тоа што одлуките не се објаснуваат освен со кратката порака на видео-екранот.