Резултатите на двајцата лекари вратени од Мадрид се негативни на коронавирус

0
116

Министерството за здравство информира дека резултатите на двајцата лекари кои се вратиле од конгресот во Мадрид се негативни на коронавирус.

Тие се вратиле во земјава во саботата навечер, а вчера Светската здравствена организација ги извести здравствените власти дека во текот на вчерашниот ден кај еден од предавачите на конгресот било утврдено дека е заболен од коронавирус.

По тестирање на инфективната клиника, тие остануваат во домашна изолација во наредните 14 дена.

По последната информација дадена за медиумите денеска во 13:00 часот, на коронавирус тестирани се уште 2 лица, еден кинески и еден наш државјанин. Кинескиот државјанин денеска пристигнал на скопскиот аеродром, но иако немал симптоми, службите на аердоромот го изолирале и веднаш го контактирале Институтот за јавно здравје, бидејќи е патник кој доаѓа од Кина.

Македонскиот државјанин е наш студент во Италија. И тестовите на овие две лица се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.