УХМР за попладне најавува силно невреме во Македонија

0
161

По она неодамнешното невреме што предизвика сериозна материјална штета и едно лице беше повредено, денеска УХМР излезе со предупредување за вечерва. Нема најава за ветер како тогаш со 100-тина километри на час, но сепак скопјани треба да се подготвени.

– Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер кој ќе дува и преку ноќта. Максималната температура во целата држава, ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје, од пладневните часови ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до повремено засилен јужен ветер. Од крајот на денот ќе започнат повремени врнежи од дожд кои ќе се проследени со умерен до засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта, а максималната температура ќе достигне до 19 степени.