Водачите на ЕУ од хеликоптер ја надгледуваа грчката граница, ситуацијата се влошува, пристигнуваат илјадници мигранти

0
236
Foto

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги пречека европските официјални претставници во Грција за да им покаже на „жив пример“ како изгледа ситуацијата на турско-грчката граница.

Мицотакис, заедно со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел и претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, се качија во хеликоптер околу 1 часот по полноќ, и тргнаа во обиколка на загрозените области во кои мигрантите непрекинато пристигнуваат од петокот.

Ситуацијата со мигрантите излезе од контрола кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да ги отвори границите и да ги пушти бегалците во Европа.

Грчката полиција и војската се обидуваат да спречат илјадници мигранти илегално да влезат во земјата. Грчката полиција беше принудена да користи солзавец, а мигрантите каменуваа возила. Во исто време, стотици чамци се обидуваат да пристапат кон грчкиот остров Лезбос, каде што со месеци владее незадоволство кај населението поради наездата на мигрантите.

Лидерите на европските институции денес можеа да видат на самото место дека не се само Грците тие што користат сила. Поточно, ним им биле прикажани повеќе воени и полициски автомобили уништени од каменици и мотки.