Војвотката Меган сака улога во филм за суперхерој

0
111

Војвотката Меган, наводно, повторно се поврзала со нејзиниот агент Ник Колинс во обид да пронајде филмска улога и актерска екипа, по нејзиното напуштање на кралското семејство.

Извор за весникот „Мејл“ во неделата изјави: „Таа рече дека сака да се врати на актерството и да биде дел од екипа во филм за суперхерој. Таа активно бара таков филм за неа и рече дека е достапна и отворена за најдобрите понуди.

Меган планира серија состаноци во Холивуд. Таа веќе направи снимки на гласот за Дизни и сега слушаме дека бара филм за некој суперхерој, како позајмувач на гласот или дури и на екранот. Таа е свесна дека не може да глуми во филм како актерка. Луѓето нема да можат да го занемарат фактот дека е Меган Маркл.“

„Но, таа е решена да глуми повторно и смета дека еден голем филм е вистинскиот пат… нешто што добро се плаќа но сепак нема да ја стави во прв план или во центарот на вниманието,“ вели изворот.

Претходно медиумите објавија дека војвотката Меган потпишала договор со „Дизни“ во замена за донација за добротворна организација за слонови.

За Меган (38) се верува дека го снимила својот глас во ноември, пред таа и Хари (35) да ја напуштат Велика Британија на шестнеделен одмор во Канада.

Хари и Меган во јануари на Инстаграм објавија дека се повлекуваат од кралското семејство