Заев: При коалцирањето ќе се држиме до принципите на одговорно работење, не може да прави кој што сака

0
137
Фото

Лидерот на СДМ Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека очекува чист мандат од 61 пратеник, при што не одговориконкретно дали доколу ДУИ го освои мнозинството пратеници од албанскиот блок ќе биде партнер во идната влада. Тој порача дека без оглед на тоа кои партии ќе бидат дел од коалцијата, идната влада и идниот Парламент мора да бидат стабилни бидејќи во периодот што следи ќе мора одговорно и посветено да се работи на патот кон евроинтеграциите и подобрување на економскиот развој.

Мора да се запазат принципите на одговорното работење и при коалцирањето ќе се држиме до тоа. Не може да дозволиме дивоградби среде Охрид, или среде Матка не може тоа да помине туку така. Народот знае и гледа се, мора да има одговорност за сите, не може да прави кој што сака. Затоа што во еден дел граѓаните ни кажаа ок за ЕУ, НАТО, Преспа договор, договор со Бугарија, се решаваат битни работи, сега нема да ни прогледаат низ прсти во периодот кој што престои. Затоа партиите мора да работат на своите грешки да се менуваат кон подобро. Ние како партија, сакаме да се подобриме, знаеме дека имавме пропусти и тоа мора да го надминеме. Ако ги менуваме партиите, ќе ја подобриме и државата на подобро. Ќе споменам уште еднаш, затоа ние формиравме комисија која ќе ги избере и понуди најдобрите кадровски решенија за престојните избори“ рече Заев одговарајќи на новинарско прашање, дали СДСМ ќе коалцира со ДУИ доколку оваа партија пак го освои мнзинството кај албанските гласачи.

Заев рече дека очекува победа со 61 пратеник, при што рече дека новата влада ќе биде разнолика и во неа ќе има застапеност на сите етнички заедници, не само на албанската.

„Ние сме сигурни дека ќе имаме чист мандат и со повеќе од 61пратеник. Но, ние не бараме толкав број на пратеници да владеме апсолутно и сами да носиме одлуки и опозцијата треба да е дел од тие одлуки. Мора да се запази мулти етничкиот состав на владата, затоа што живееме во такво општество. Во идниот состав на владата треба да има еднаков простор и за партиите од етничките заедници, не само за партиите од албанскиот блок. Но, без оглед кој ќе го освои мнозинството пратеници од албанскиот блок, ќе мора сериозно и посветено да се постави за да формираме стабилна Влада“, рече лидерот на СДСМ.

Што се однесува до кампањата, Заев рече дека СДСМ ќе се фокусира на позитивно водење на кампањата, при што ќе изнесе контра аргументи на, како што рече, лажните вести што ги пласира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Не сакаме да имаме негативна кампања. Свесни сме на лажните вести кои ги шири опозицикста ВМРО-ДПМНЕ. Но, еве камапњата почнува за кратко и ние имаме аргументи со кои ќе ги разобличиме овие лажни вести што се шират. Слушнав дека ние сме ја испразниле хидроцентралата Калиманци. Не знам како може да се пуштаат вакви информирации, кога тоа не е наша одговорност, за тоа си постои ЕВН. И не ми е јасно како нивниот лидер Мицкоски кој е експерт од оваа област да премиене преку ова. Но, ќе повторам ние ќе се бориме против сето ова, затоа што на лагата и се кратки нозете и вистината секогаш излегува на виделина“, додаде Заев.