Мицкоски: Поставените билборди за Заев се отсликување на реалната состојба во државата

0
163

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поставените билборди низ градот на кои се гледа како лидерот на СДСМ Зоран Заев носи „Луј Витон“ чанта, не било оцрнување на кампањата туку отсликување на реалната состојба во државата. Мицкоски рече дека билбордите покрај тоа што се бојдисувале, се палеле. Порача надлежните да превземат одговорност за овој случај за кој рече дека уништувањето на приватен имот е кривично дело.

Не можам да се сложам дека е оцрнување, тоа е констатирање на реалноста. Ние ја констатираме реалноста каде што лидерот на партијата во својство на градоначалник на една општина самиот го кажува тоа што го пишува на билбордот. Ако ние сме земја која ќе биде дел од ЕУ, а нашите опоненти не можат да да ја истрпат критиката, тогаш како може да зборуваме за демократски избори. Освен што се бојадисуваа тие билборди, дури вчера и се палеа. Полицијата фати млади луѓе како ги палат билбордите. Порачувам тие млади луѓе да не веруваат слепо на наредбодавачите ,затоа што ќе има одговорност за сите после 12 април. Нека се сетат на сликата, како Катица Јанева се појавува со качулка, а Зоран Заев се откажува од неа. Тој ќе има имунитет во парламентот, а тие не. Овие луѓе нека не слушаат наредби од луѓе кои ќе понесат одговорност по 12 април, ова е порака од мене до сите тие луѓе“, рече Мицкоски.

Во однос на летоците кои пред неколку дена се појавија во неколку општини во Скопје на кои лидерот на опозициската партија се изедначува со неговиот претходник Груевски, Мицкоски рече дека тоа што се прикажувало не било точно и дека граѓаните добро знаеле да направат разлика и на кого ќе му ја дадат власта на изборите.

„Она што е прикажано на тие летоци е апсолутна невистина и уште една смислена лага од страна на блиските на Заев за ширење на лажни вести. Но, граѓаните се тие се тие кои на крајот треба да одлучат како ќе гласаат на 12 април. Јас верувам во мудроста на граѓаните и во нашата програма и верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите. Ние нема да ги палиме, кинеме и бојадисуваме“, додаде Мицкоски