Ременски се пожали: Новинарите пишуваат за сопругот Јовче, а не и за јатрвата на Шекеринска

0
156
Фото

Пратеничката Фросина Ременски во изјава за медиумите денеска се пожали дека вчера новинарите кои известувале во случајот „Рекет“ имале „хиперпродукција на информации“, меѓу кои имало и шпекулации и невистини како тоа дека на рочиштето ќе се појави таа како сведок, а и нејзиниот сопруг Јовче Ременски.

– Имаше информации со многу невистини и шпекуации, а изоставија да кажат дека сведочеше јатрвата на Радмила Шекеринска – реагира Ременски.